Книга: „Аквариум“ – за потиштувачкиот и проѕирен свет

34

„Аквариум“ од Кристина Тот е „голем роман“ за унгарскиот социјализам. „Сè има тука, премолчувањето, прикрадувањето покрај ѕидовите, снаоѓањето, излитеноста, трошните кулиси, соништата, малициозноста на желбите, мирисот на мувлосано и шалитра, домашното мајсторисување… Приказна за една ера, едно семејство, поточно приказна за генерациите што следуваат една по друга, но кои никогаш нема да профункционираат како вистинско семејство. Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат. Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови и мириси на варила, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го претставува аквариумот“, ќе посочи издавачот Или-или.