Леао нема никаква дилема

117

Португалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Рафаел Леао, стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Крилниот напаѓач потврди дека е среќен на „Сан Сиро“, дека не планира никаква промена на клупската средина и дека го сонува пехарот во Лигата на шампиони. Голема е веројатноста дека Леао на крајот од сезоната ќе потпише нов договор кој е со важност до 2026 година.