Поранешниот шеф на НАСА: Мора да продолжиме да соработуваме со Русија, ние сме тим

37
Фото: Screenshot: BBC

Џим Грин, кој поднесе оставка од НАСА во јануари, изјави за Би-Би-Си дека вселенската агенција мора да продолжи да работи со Русија „затоа што е потребно место каде можат да соработуваат во мир“.

„НАСА верува дека ваквиот однос треба да продолжи“, додава тој.

Да потсетиме, директорот на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин изјави дека е невозможно да се продолжат нормалните односи со НАСА додека не се укинат санкциите наметнати на Русија, воведени по инвазијата на Украина.

„Сега можеме сами да летаме со Меѓународната вселенска станица. Не зависиме од Русија иако порано беше така. Астронаутите функционираат како тим, меѓународен тим. Ни треба место каде што можеме да соработуваме во мир. Сега имаме двајца Руси на ИСС“, вели Грин.

„НАСА верува дека овој однос треба да продолжи бидејќи тоа се членови на екипажот кои извршуваат важни должности на вселенската станица. Тие се потпираат на астронаутите од ЕСА и НАСА, како што ние се потпираме на оние од тимот од Русија“, додава тој.

Грин потврди дека ја поддржал НАСА кога на астронаутот Скот Кели му рекле да ги намали критиките за Русија на социјалните мрежи.

„Да, го поддржав потегот на НАСА. НАСА мора да се обедини во јавноста, како една организација“, вели тој.