Во Франција сончогледовото масло може да се замени без промена на пакувањето

57

Франција денеска ги овласти производителите на маргарин, павлаки, сосови, бисквити или готови јадења за период од шест месеци да го заменат сончогледовото масло во нивните рецепти без промена на пакувањето, поради тешкотиите со снабдувањето поради војната во Украина, јави дописникот на МИА.

Индустријалците кои ќе го поднесат ова барање за отстапување ќе можат да користат, на пример, масло од репка, беше наведено во Берси во вторник по консултација со индустријалците и здруженијата на потрошувачи.

Доколку пак бидат додадени алергени производи и промената на рецептот мора веднаш да се истакне.