Четири лица загинаа во пукање во градинка во областа Уљановск, соопштија регионалните власти, пренесе Бгнес.
Вооружен маж влегол во градинката и отворил оган при што убил и деца.
– Мажот влегол во градинката, пукал во воспитувачка и две деца, рекол извор и додал дека напаѓачот потоа се самоубил.
Според изворот, причината за пукањето можеби била домашна расправија.
Информацијата за инцидентот ја потврди и прес-службата на регионалната влада, а деталите се истражуваат.