„Ѕвездата на Гранд“, Ристе Ристески, не е Чолиќ не се соблекува по гаќи, Ристе си оди на трајно отстранување на влакната

229

Со топлото време доаѓаат пролетта и првите ластовички, а една од нив, на музичкото поле, е популарниот охридски пејач Ристе Ристески, кој на балканската публика добро ѝ е познат како еден од победниците во мегашоуто “Ѕвездите на Гранд“.
А, уште попознат е покрај пеење и по тоа што на физичкиот изглед му придава голема важност. Велат, би можел да му конкурира на естрадниот колега Драган Којиќ Кеба, кој не се разделува од своето огледалце. Или па, на Здравко Чолиќ кој од папараците беше фатен по бели гаќи додека тренираше трчање.

Додуша, Ристе со себе не носи огледалце, но сака со фановите да ја сподели интересната ситуација кога целосно се средува, кога е во козметички салон на депилација. Па, токму тоа и го направи. Пејачот, омилен најмногу кај понежниот пол, сподели кусо стори-видео од кое се гледа како се депилира на градите и стомакот, истакнувајќи ги мускулите кои кај него „израснаа“ откако постојано во изминатиот период вежбаше во теретана.

И не само што сега дојде пролет, туку допрва доаѓа и жешкото лето кога Ристе би можел да биде „упецан“ од папараците во „купачи“ за капење на некоја од охридските плажи. Но, без гајле, пејачот е сосема подготвен, и за насловните страници и за воздишките од неговите огнени обожавателки. А, и срцињата за убавиците се тука! (Д.М.)