Британија планира да изгради осум нуклеарни реактори и да произведува енергија од ветер

43
Британија планира да изгради осум нуклеарни реактори и да произведува енергија од ветер. Овие планови денеска ги објави премиерот Борис Џонсон како дел од новата стратегија за енергетска безбедност на земјата, која предвидува и забрзан развој на проекти за соларна енергија и водород, пренесува агенцијата АП.
Владата рече дека сака речиси тројно да го зголеми капацитетот за производство на нуклеарна енергија на 24 гигавати до 2050 година.