Личните предмети на легендарната комичарка Бети Вајт на аукција во септември

41

Личните работи на легендарната комичарка Бети Вајт, вклучувајќи го и златниот часовник на нејзината мајка, се очекува да бидат понудени на аукција во септември.

Наградите, сликите, сценаријата, накитот и облеката носени на црвениот тепих на актерката од „Златни девојки“ се изложени во аукциската куќа Џулиен во Беверли Хилс. Вајт почина на 99-годишна возраст на 31 декември минатата година.

„Ова е аукција која претставува неверојатен живот и кариера. Тоа е аукција на начин на живот. Сите тие предмети дојдоа од нејзиниот дом во Брентвуд или од нејзината резиденција во Кармел, Северна Калифорнија, каде што живееше со нејзиниот сопруг Ален Луден“, рече Мартин Нолан, извршен директор на аукциската куќа.

Најличен предмет, според Нолан, е часовникот од 14 каратно злато, кој и бил даден на Бети на 25 декември 1940 година со иницијали T.C.W. која е Тес Вајт, мајката на Бети.

Вајт ја започна својата кариера во радио во доцните 1930-ти, а во 1939 година го имаше своето телевизиско деби. Во 1952 година, Вајт имаше своја телевизиска серија „Животот со Елизабет“ и ги продолжи своите култни улоги во „Шоуто на Мери Тајлер Мур“ и „Златната девојка“.

Таа беше една од првите луѓе кои добија ѕвезда на Булеварот на славните во 1960 година. Помала реплика, која се доделува на примачот кога ќе му биде доделена ѕвезда, ќе биде продадена на аукција. Има и бројни слики со животински мотиви и слики кои се дело на животни.

„Милениците беа нејзино ЗАДОВОЛСТВО. Таа рече дека ја сака својата работа во шоу-бизнисот за да може да го финансира својот бизнис со животни“, рече Нолан.

На аукцијата има три слики – дела на Коко, горилата која комуницирала на знаковен јазик.

Нолан ја проценува целата колекција на еден до два милиони долари. Аукцијата ќе се одржи во септември во Беверли Хилс.