Амбасадата на Словенија во Киев мораше да го тргне знамето – премногу личи на руското

148

Вршителот на работи на Словенија во амбасадата во Киев, Боштјан Лесјак, кој во неделата пристигна во главниот град на Украина, мораше да го симне словенечкото знаме пред амбасадата.

Знамето го тргнал бидејќи е премногу слично на знамето на Русија, пренесува СТА, повикувајќи се на словенечките медиуми. Според началникот, по пристигнувањето во Киев, персоналот на амбасадата ги посочил знамето на Словенија и на ЕУ, а подоцна припадниците на украинската национална гарда и полицијата побарале од нив привремено да го отстранат словенечкото знаме, бидејќи премногу личи на руското.

Лесјак додаде дека украинските власти добро се грижат за безбедноста на службениците на амбасадата и дека редовно известува за се кај словенечкиот амбасадор Томаж Менчин, кој работи во полскиот град Жешов, во близина на границата со Украина, наведува словенечката агенција.