Војната во Украина и случувањата во тој дел од светот нема да влијаат на светскиот шампион во бокс. Александр Усик (34), кој одлучи да ја остави воената опрема, оружјето и се што носел во татковината и да започне со подготовките за одбрана на титулата. Тој сака да го повтори она што го направи на крајот на декември минатата година.

Тогаш, пред околу 70.000 луѓе на стадионот на Тотенхем, Украинецот го победи Ентони Џошуа и ја освои титулата во четири верзии (ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО). Реваншот требаше да се одржи во април, но борбата беше одложена за јуни поради војната. Поради тоа многу се шпекулираше дека воопшто нема да има меч, но работите се сменија.

Информацијата ја пренесе британски „Би-Би-Си“ кој наведе дека Усик веднаш ќе започне со тренинзи. Се шпекулираше дека неговиот тренинг камп ќе биде во Полска, но новите информации велат дека тој нема да се подготвува таму.

Усик решил да се бори поради тоа што неговиот сонародник Василиј Ломаченко одбил да се бори со Јоргос Камбос, со цел да остане да ја брани својата татковина.

Усик не беше единствениот спортист кој отиде во војна, тука се браќата Кличко, Ломаченко, тенисерите Сергеј Стаховски и Александар Долгополов …