Милан ќе му понуди нов договор на Ибрахимовиќ

113

Раководството на Милан ќе му понуди нов договор на Златан Ибрахимовиќ во висина од 2,5 милиони евра. Клубот е подготвен да го продолжи договорот со напаѓачот, кој на крајот од сезоната може да стане слободен играч.

„Росонерите“ на крајот на април планираат да преговараат со 40-годишниот Швеѓанец и да му понудат нов едногодишен договор со плата од 2,5 милиони евра плус бонуси, тврди новинарот Николо Шира.

Моментално Ибрахимовиќ заработува седум милиони по сезона.

На 18 натпревари од сезоната во Серија А, напаѓачот има осум гола и две асистенции.