Се укинуваат дополнителните трошоци во градинките во Аеродром

1360

Од денеска општина Аеродром ги укинува дополнителните давачки што родителите досега ги издвојуваа за своите деца во градинките, додека во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци.

– Со оваа одлука на Општината, родителите ќе бидат ослободени од трошоците кои ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства. Општината постојано презема политики кои се насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци кои претставуваат товар за секое семејство. Од 1 септември оваа година ќе бидат целосно укинати и сите трошоци кои се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките – информираат од Општина Аеродром.

Родители коментираат дека би платиле и за децата да имаат уште една до две воспитувачки/негувателки по група.

– Нехумано е, не е ефективно и не можат доволно да им се посветат две на 25 деца. Во вакви случаи кога се работи за нашата иднина, деца во развој со кои треба да се работи, нема воопшто потреба да се намалува на трошоци што и така се ниски зашто никој не би сакал да помине што е можно поевтино кога се работи за нивниот развој и образование. Сакам моето дете да биде продуктивно во градинка, а не да оди колку само некој да го чува 8 часа – коментира една мајка.