Новата екстензија на Google Chrome може да го забрза вашиот компјутер.
Google Chrome е главниот избор на многу корисници поради неговата широка интеграција и лесен за користење интерфејс. Сепак, мислењето на многумина е дека овој прелистувач користи многу повеќе системски ресурси отколку што треба. Ова е особено точно за RAM меморијата.
Google го ажурираше Chrome неколку пати неодамна за да го забрза вашето пребарување. Ова не е изненадувачки, имајќи предвид дека брзината е првото нешто што корисниците го забележуваат. Во моментов, сите ваши отворени картички на Chrome се складирани во RAM меморија за да се направи префрлување од картичка на картичка што е можно побрзо. Ова е оптоварување на перформансите на компјутерот, пренесува PC Gamer.
Auto Tab Discard е бесплатна екстензија за Chrome која може значително да ги намали барањата на оваа програма кога станува збор за RAM меморијата. Овој додаток автоматски ги става неискористените картички во суспендирана состојба. Ова може да значи дека картичката ќе треба повторно да се вчита кога ќе ја изберете, но потрошувачката на RAM меморија ќе биде значително намалена.
Брзината на вчитување на картичките во овој случај во голема мера зависи од вашата интернет брзина, а дополнително можете да додавате картички кои често ги користите за никогаш да не бидат суспендирани од меморијата.
Иако сè уште не е достапен, Google веќе некое време работи на подобрен Chrome за да ја намали употребата на RAM меморијата на уредот.