Раст на еврото и фунтата, а пад на вредноста на доларот

52

Доларот ослабе пред извештајот за инфалцијата во САД. Курсот на еврото се зголеми за 0,18 отсто, на 1,1435 долари. И британската фунта зајакна во однос на доларот, и тоа за 0,28 отсто во однос на затворањето на пазарите ден претходно, на 1,3579 долари. Доларот истовремен ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 0,11 отсто на 115,41 јени.

Претходно, кога претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема потреба од значително заострување на монетарната политика во еврозоната, еврото паѓаше во однос на доларот.