Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најавуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на улица „Македонски Кралеви“, број 40 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на приклучокот.
Поради изведување водоводен приклучок на улица „Борис Трајковски“ 1/19 , денеска без вода ќе бидат и корисниците од оваа улица, крак 1, 2 и 3, вклучително и складот на „Макпетрол“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на активностите.