Во Германија залихите на гас на „критичното ниво“

60

Загрижувачко ниско ниво на резерви на природен гас има во складиштата во Германија. Залихите се на 35-36 отсто, што е под „критичното ниво“ од 40 проценти.  Стравот од можна руска инвазија на Украина врши дополнителен притисок врз снабдувањето.

Податоците на индустриската групација Gas Infrastruture Europe покажуваат дека во 2020 година, залихите никогаш не паднаа под 71 процент.

Официјален Берлин е загрижен. Јапонија пак денеска објави дека ќе испорача дел од увезениот течен природен гас (ЛНГ) во Европа, во време кога постои ризик да дојде до прекин на снабдувањето со руски гас во регионот поради тензиите со Украина.