Финска ќе започне да ги укинува антиковид рестриктивните мерки воведени со цел да се потисне ширењето на соевите на омикрон, така што сите мерки треба да престанат да важат на почетокот на март, изјави денеска премиерот Сана Марин.
Силните рестриктивни мерки воведени по Божиќ принудија многу ресторани, како и културни и спортски објекти да бидат привремено затворени или намалено работно време, а настаните да бидат откажани, објави Ројтерс.
Владата сега планира да дозволи рестораните да бидат отворени до полноќ и да ја укине забраната за јавни собири од 14 март, рече Марин, додавајќи дека целта е да се отстранат сите рестриктивни мерки на почетокот на следниот месец.
Таа рече и дека е намален бројот на нови хоспитализации, а на места има дури и пад. Марин рече дека мерките мора да останат во сила уште две недели, со цел владата да следи како се одвива епидемијата во соседните земји, Норвешка и Данска.
„Тоа е само затоа што Финска е епидемиолошки две недели зад другите“, додаде таа.
Дел од планот на владата е да ги повлече пропусниците за ковид, кои беа користени од средината на октомври до крајот на декември.