Синот на неодамна починатиот пејач Аки Рахимовски, Кристијан, денеска го посети гробот на Тоше Проески во Крушево. Во посета на спомен куќата „Тодор Проевски“ заедно со Кристијан Рахимовски биле и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски.
„Со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски во посета на спомен куќата „Тодор Проески“. Заедно положивме свеќе на гробното место на Тоше и оддадовме почит на големиот пејач, а не изоставивме да поразговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни“, напиша Христовски на Фејсбук.