Габигол главен во нападот

84

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем и понатаму се обидува да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на бразилскиот гигант Фламенго, Габриел Барбоса, попознат како Габигол. Повремениот репрезентативец на Бразил пред неколку години го носеше дресот на италијанскиот калчолигаш Интер, а според последните информации кои пристигнуваат од Англија, популарните „чекани“ испратиле официјална понуда за 18-месечна позајмица на Габигол.