Во склад лоциран на улица „1“ бб во село Арачиново, државен инспектор за животна средина на 5 овој месец пронашол складиран неопасен отпад (метални отпадоци од железо, алуминиум, месинг, бакар и друго.) Во складот се вршел третман на отпадот и тоа без дозвола.
– По барање на Општина Арачиново за вршење на вонреден инспекциски надзор врз склад за складирање и третман на неопасен отпад и тоа за активност што се извршува без соодветна дозвола согласно Законот за управување на отпад, извршен е вонреден инспекциски надзор во складот управуван од физичко лице жител на општина Арачиново – информираат од ДИЖС.
Оттаму велат дека биле констатирани неправилности и ќе се издаде решение за забрана за вршење на дејноста складирање и третман на неопасен неопасен отпад и враќање во првобитна состојба на местото што се користело за складирање на неопасен отпад, како и останати акти во инспекциска постапка.
Жители на Ченто велат дека сличен таков склад има во нивната населба, позади хангарите.