За новогодишниот настап на пејачката Драгана Мирковиќ во балканските медиуми, па дури и во бугарските, се крена голема врева. Не затоа што било нешто досега невидено, туку затоа што Драгана за малку ќе завршеше трагично.
Таа во еден момент додека пееше, остана без здив, падна на сцената, ја изгуби рамнотежата. Настана хаос, врева во публиката, па веднаш беше повикана Итна помош која ја префрли во болница на инфузија.
Неколку дена по немилиот настан кога Драгана си дојде на свое, таа го прокоментира сето тоа:
– Бев прекрасно расположена. На Златибор дојдов во одлична форма. Ништо не претчуствував. Но вистина е дека многу работам, настапувам, пеам, патувам. Вистина е дека тоа ме исцрпува. Последиците се овие. Нормално дека се исплашив. Сега очекувам да бидам подобро. Очигледно тоа мораше да ми се случи како одговор на мојата негрижа за сопственото здравје.
Пред сè сакам да му се вратам на животот што го имам со децата и сопругот. Верувајте дека нема ништо поважно од здравјето, вели пејачката која на естрадата важи за една од трите најбогати, покрај Цеца и Лепа Брена. (Д.М.)