Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улиците: „Бриселска“, „Софиска“, „Стокхолмска“ и „Његошева“.
Од јавното преетпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот со водоснабдување е поради изведување на водоводен приклучок и ќе трае се до завршување со активностите.
Поради дефект на огрлица на улица „Црниче 14“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од оваа улица, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“.
Оттаму посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.