Франција отвори истрага по напис во „Паризиен“ за масовно издавање лажни здравствени пропусници

47

Новинари францускиот весник „Паризиен“ во напис раскажуваат како за помалку од 24 часа успеале да „добијат“ трета доза од вакцината без инјектирање, односно да добијат потврда дека се вакцинирани, по што во земјата е отворена истрага, јавува дописникот на МИА.

Истрагата е отворена во петокот, по објавувањето на написот во “ Паризиен“ во кој неговите автори објаснуваат дека добиле лажна здравствена пропусница од организирана мрежа.

Истрагата, отворена од париското обвинителство, и е доверена на Бригадата за репресија на деликвенцијата (БРДА) на париската судска полиција. Во написот од париската „истражна редакција“ од 31 декември, новинарите раскажуваат како успеале за помалку од 24 часа и за 200 евра преку припејд картичка да „добијат“ трета доза од вакцина без да им се инјектира производот, со што се продолжува важноста на здравствената пропусница.

Сторителите стапиле во контакт со трговец со лажни пропусници преку шифрирана порака на Телеграм. Овој, објаснува весникот, немал потреба да го узурпира идентитетот на лекар, како што прават другите измамници, туку имал помош од лекар во семејството. Според весникот, оваа мрежа работела веќе осум месеци и тоа „на индустриски начин“, им рекол еден од корисниците.

Околу 182.000 лажни здравствени пропусници откри полицијата од воспоставувањето на оваа мерка минатото лето, во рамките од 400 истраги, се наведува во последниот извештај што го изготви МВР на 20 декември. Националното собрание денеска го разгледува предлог-законот со кој здравствената пропусница се трансформира во пропусница за вакцинација.

Текстот со кој се „зајакнуваат на алатките за справување со здравствената криза“, а од среда треба да помине во Сенатот, мора да стапи на сила на 15 јануари. Доколку биде усвоен, се планира особено да се заострат санкциите против носителите на лажни пропусници, кои сега ќе бидат осудени на петгодишна затворска казна и парична казна од 75.000 евра, иста санкција како што се применува за трговците со луѓе. На крај, фактот за приложување пропусница на друго лице и за пренос на пропусница на други со цел нејзина измамна употреба ќе се казни од првото прекршување со фиксна парична казна од 1000 евра, наспроти 135 евра во моментов