Во поплавите во Малезија загрозени 125.000 луѓе

40

Обилните дождови кои предизвикаа големи поплави во Малезија во последните две недели погодија седум држави, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи.

Според соопштението, 125.000 луѓе се загрозени од поплавите, а малезиските држави кои сè уште се погодени од катастрофите се Келантан, Теренгану, Паханг, Џохор, Малака, Негери Сембилан и Сабах.

Според извештаите, 8.727 луѓе се во 128 прифатни центри, а 117.700 евакуирани се вратиле дома.

Во поплавите загинале 50 лица, а двајца сè уште се водат како исчезнати.

Малезискиот премиер Исмаил Сабри Јакоб минатата недела најави дека државата ќе одвои 334,93 милиони долари за помош на најпогодените од големите поплави.

Малезискиот премиер додаде дека владините мерки ќе им помогнат на најмалку 30.000 погодени домаќинства.