Неколку дена по трката во Џеда, на која триумфираше Луис Хамилтон, таткото на Макс Верстапен вербално го нападна Британецот.

  • Никогаш не разговарам со Луис. Ниту тој мора да разговара со мене. Јас не сум ништо за него. Го почитувам како возач, но ништо повеќе од тоа. Макс и Луис зборуваат само на подиумот, многу малку. Кога го гледам Макс со други возачи, мислам дека тие одлично се согласуваат. Но, со Луис – не. Луис е во некој свој свет. Бев во Ф1, во споредба со Макс не бев никаде, но разговарам со некои од возачите и сите тие се многу пријателски расположени, многу пати сме заедно во авион, секогаш истата група на возачи и убава е забавата со нив. Но, има некои возачи кои не гледаат во вас, кои гледаат во земја, изјави Верстапен сениор.

Још Верстапен возеше осум години во Формула 1, се натпреваруваше на 107 трки и двапати беше трет на трките за Големата награда на Унгарија и на Белгија во 1994 година.