Точно е дека во Северна Кореја не се пие светски популарниот пијалок кока-кола. Поради здравјето! Сè се контролира од пијалаците па, така се контролира и кока-кола која таму ја сметаат за високоризичен пијалак кој е строго забранет!
Северна Кореја и ако ја сметаат за социјалистичка земја, со една партија на власт, таа земја со својот водач Ким Јонг-ун постојано им ги боде очите на западниот капиталистички свет кој често измислува непотребни работи за оваа држава која има над 20 милиони жител со главниот град Пјонгјанг. Еве кои се најчестите табуа, дојдени од жестоките противници на Северна Кореја….
Лага е дека не смее да се носат модните парчиња кои се модерни во Њујорк, Париз или Милано…..Голем број Севернокорејски модни дизајнери учествуваат на светски модни фестивали на кои и победуваат. Единствено што државата врши строга контрола на увозот на странската гардероба давајќи и со тоа предност на домашната. Но затоа точно е дека во Северна Кореја не се пие светски популарниот пијалак кока-кола. Поради здравјето! Тие имаат високо развиена медицина која се живо контролира па, така се контролира и се што како пијалак се продава во маркетите. Кока-кола је сметаат за високоризичен пијалак кој е строго забранет во Северна Кореја. Лага е од западните медиуми дека во Северна Кореја, Ким Јонг-ун дозволува само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Единствено не е дозволено боење на косата со оние непроверени, евентуално шверцувани козметички средства кои како такви најчесто предизвикуваат канцер.
На мажите им е дозволена употреба на кондомите. Сепак сите видови од Запад не се увезуваат, се сметаат за штетни по здравјето. Кондомите им се популарно средство за заштита од полни болести и несакана бременост, па многу возрасни Севернокорејци со задоволство би прифатиле да добијат на подарок кутија здрави, квалитетни и не било какви кондоми.
Бидејќи Северна Кореја официјално е атеистичка земја во која нема место ниту за една вероисповед, па со тоа нема ниту прослави на Божиќ или Велигден, нема простор ниту за новогодишното китење на елките. Тие се сметаат за западњачка потрошувачка измислица, фрлање на пари, па наместо елките Севернокорејците ги украсуваат своите балкони, тераси, бавчите, нивите, работните простории, детските градинки и училишта….Сечењето на елките за Нова година се смета за најголем грев кој дебело се казнува. Затоа Северна Кореја може да се пофали со огромни површини на елките кои се одлична заштита од сибирскиот снежен зимски студ.
Не е вистина дека Северна Кореја нема естрада. Има, но таа навистина премногу се разликува од американската и британската, а секако и од нашата. На нивните пејачи им се дава најголем простор во медиумите, па со оглед на тоа, на телевизиите тешко дека ќе ги чуете пејачите како на пример: Мадона, Ерос Рамацоти, Шакира или Џорџ Мајкл. Но затоа има концерти на бендови од некогашната Југославија. Единствениот бенд на кој му било дозволено да настапи во земјата е словенечкиот „Лајбах“. Тие имаа концерт во Пјонгјанг во 2015 година.
Лага е дека на народот во Северна Кореја им е забрането да патуваат во странство. Патуваат, но тоа е контролирано и со причина, особено сега во ова време на пандемијата. Така што Северна Кореја е една од ретките земји во која коронавирусот цело ова време успешно се држи под контрола.