ЕБРД горда на соларната електрана во Осломеј, Владата најавува решеност да го спроведе зеленото сценарио

84

Горди сме што сме пионери во зелените иновации во Република Северна Македонија, каде првата соларна електрана во земјата ја заменува исцрпената термоелектрана во Осломеј.

Ова вчера го објави на својот официјален твитер-профил Европската банка за обнова и развој, која учествуваше во изградбата на фотонапонската централа во Осломеј со 5,9 милиони евра.

Денеска се огласија и АД ЕСМ и Владата со став дека остануваат цврсто решени на имплементацијата на т.н. зеленото сценарио во енергетскито сектор во земјата и зголемување на бројот на производствени капацитети на електрична енергија од обновливи извори.

-Напорите на компанијата се препознаени од сите релевантни меѓународни институции, вклучиени во реализацијата на проектите зацртани во Стратегијата за развој на енергетскиот сектор до 2040 година, објавија тие.

АД ЕСМ во оваа инсталација вложиеден милион евра сопствени средства со кои во кругот на РЕК Осломеј, на локацијата на исцрпениот рудник за јаглен, во близина на првата фотоволтаична електрана од 10 МЊ, се подготвува за нова инвестиција од по најмалку 40 МЊ до најмногу 50 МЊ. И таа инсталација ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, при што АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер.

Во соработка со Европската банка за обнова и развој, АД ЕСМ ќе инвестира во изградба и на фотонапонски електрани во Битола. Првата ќе биде со инсталирана моќност од 20 МЊ, со просечно годишно производство од 32 ГЊх. ФЕ Битола 2 ќе биде со инсталирана моќност од 40 МЊ, со годишно производство од 70 ГЊх и проценета вредност од 30 милиони евра, за коишто капацитети веќе се направени пресметки за идно производство, одредено е земјиштето и завршени се студиите за приклучок. Проектот ФЕ Битола 3, пак, е со инсталирана моќност од 100 МЊ, со годишно производство од 170 гигаватчасови, и проценета вредност од 70 милиони евра.

-АД ЕСМ изминатите три години постојано работи на проекти за зголемувањето на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија во Република Северна Македонија, со што државата е препозната како лидер во регионот по напорите за преминување кон нискојаглеродна економија. Паралелно, заради актуелните случувањата во енергетскиот сектор на глобално ниво, АД ЕСМ ги става на располагање и во функција сите свои капацитети за успешно справување на земјата со енергетската криза, информира компанијата.