По позитивните тонови кои деновиве ги испрати победничката партија на парламентарните избори во Бугарија, „Продолжуваме со промените“, денеска дојде студен туш од Софија.
Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, соопштија од бугарското МНР за агенцијата БГНЕС.
Сегашниот проект за преговорачката рамка за влез на Македонија во ЕУ не ги содржи предлозите на бугарската страна и од тоа следува дека Бугарија не може да ја поддржи конференцијата. Од бугарското МНР информираат дека минстерот за надворешни работи Светлан Стоев денеска ги примил амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на кои ги информирал и за отворените прашања со земјава.