ССМ: Ниту еден закон не им дава право на работодавците да бараат од работниците да се тестираат и тоа на свој трошок

1857

Сојузот на синдикатите на Македонија реагира на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче за тестирање за Ковид-19 на невакцинираните вработени во јавниот сектор и тоа на нивен трошок, како и на истоветниот предлог на Стопанската комора на Македонија за вработените во приватниот сектор.

Оттаму велат дека се залагаат за поголема информираност на вработените за научните сознанија , предност и бенефит од имунизацијата против Ковид 19, со целосно почитување на правото на секој човек самостојно да одлучува за своето здравје.

Во оваа насока укажуваме на препораката на Парламентарното собрание на Советот на Европа во која е недвосмислено наведено дека никој не може да биде дискриминиран затоа што не е вакциниран. Дополнително во Резулицијата 2361 од 28 јануари 2021 година во членот 731 се вели: ′′Осигурајте се дека граѓаните се информирани дека вакцинацијата не е задолжителна и дека никој не е под политички, социјален или друг притисок за да се вакцинира ако тој или таа не сака лично да го стори тоа′′.

Вакцинацијата треба и мора да биде резултат на личната определба на работниците и
граѓаните и истата не може и не смее да се спроведува со уцени или присила.
Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против вољата на поединецот.

Во изминатиот период до ССМ масовно се обраќаа работници кои не се вакцинирани со
укажување дека им се забранува да влезат во работните простории на работодавачот
односно од нив се бара да приложат сертификат за вакцинација или на одреден период да приложуваат негативен тест за Ковид – 19 направен на свој трошок.

-Со оглед на тоа што ваквото постапување на поедини работодавачи е спротивно на
законите , ССМ се обрати до сите надлежни институции со барање да се забрани ова
самоволие на несовесните работодавачи со кое се кршат работничките права и воопшто човековите слободи и права. ССМ континуирано во изминатиот период укажуваше дека со ваквото незаконито постапување на поедини несовесни работодавачи се манифестира непочитување и произволно толкување на законите во Државата и протоколите за заштита од Ковид – 19, со што се создава неуедначена примена на правото и законите, а со тоа и правна несигурност за работниците и граѓаните, велат од ССМ.

Оттаму додаваат дека ниту еден работодавач нема можност и право согласно било кој важечки Закон, ( Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за работните односи и др) да го упатува работникот да презема одредени активности во врска со своето здравје , а при тоа да го задолжи работникот тоа да го прави на сопствен трошок.

Во врска со пријавите од ССМ добивме и известување од Државниот иснпекторат за труд со кое сме информирани дека ваквите однесувања на работодавачите кои забрануваат влез за невакцинирани работници или ги задолжуваат да донесат негативен Ковид тест на свој трошок како услов да дојдат на работа , се незаконити .ДИТ постапувајќи по пријавите на ССМ , правилно ги применил законите и по спроведен инспекциски надзор ги укинал спорните одлуки на работодавачите.

Правилното и законито одлучување на ДИТ која е единствена институција која е
овластена да врши надзор над примена на законите кога станува збор за работничките
права и е потврда за исправноста на ставовите и мислењата на ССМ кога станува збор за остварување, заштита и унапредување на работничките права и ја потврдува нашата заедничка посветеност за соработка и преземање на интегрирани активности за да не дојде до поголеми последици и прекршување на работнички права.

Присилата и уцената може да предизвикаат негативно однесување и неприфаќање од
страна на работниците, а со тоа наместо да се поттикнува процесот истиот ќе стагнира.