Алармантно во Грција:Речиси пола држава во темно црвена боја на епидемиолошката мапа

4467

Уште пет грчки региони од денеска се во темно црвена боја, односно во петтата категорија на епидемиолошката мапа на Грција, а речиси половина од земјата е токму во оваа зона, јави дописничката на МИА од Атина.

Епидемиолошката мапа на Грција има пет степени, а последниот, со темно црвена боја е за регионите со влошена ситуација.

Темно црвена е речиси цела северна Грција, но и делови од Пелопонез, додека пак во првата, зелена зона се поголемиот дел од грчките острови.

Мапата се ажурира еднаш седмично, а за категоризација на регионите се земаат предвид различни епидемиолошки податоци, како што се: просечниот број нови случаи на 100.000 жители во период од седум дена, број на случаи во период од 14 дена, позитивни случаи од направени тестови, возраст на заразените, како и имунизациската покриеност.

Од минатиот вторник, Грција бележи речиси секојдневно зголемување на новите случаи на Ковид-19, а вчера беа регистрирани 8.613 новозаразени што беше и нов негативен рекорд од почетокот на пандемијата.