По тешко извојуваната победа на Денвер против Хјустон, Нагетси го откажаа тренингот и го вклучија алармот кај навивачите. Денвер требаше да одржи тренинг во неделата 19 часот, но пред да започне тренингот пристигна информација дека тој нема ни да се одржи.

Она што ги збуни навивачите и новинарите е фактот што тимот од Колорадо не ја откри причината за откажувањето. Секако, веднаш имаше сомнежи дека еден од членовите на тимот добил позитивен тест за коронавирус, а има и такви кои веруваа дека Мајкл Мелоун и неговите соработници само сакаа да му дадат дополнителен одмор на тимот пред следниот натпревар, кој е на програмата утре по полноќ (вторник кон среда).