Градоначалникот на Кочани колабираше на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

2304

На градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов му се слоши и падна за време на денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Додека Мицкоски одговараше на новинарски прашања, Папазов во еден момент почна да паѓа при што му притрчаа на помош колегите околу него.

Мицкоски ја прекина прес-конференцијата, на која беа присутни сите нови градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, а по неколку минути информираше дека Папазов е добро.

Кусо после прес-конференцијата, Мицкоски на својата фејсбук страна објави фотографија со Папазов и потврди дека му е добро.

„Се е во ред. Интензивен период беше и тоа си зема данок… Поминавме многу, ќе поминеме уште. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот . Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме!“, напиша Мицкоски.