Македонска политичка драма продолжува. Ќе се гласа ли недоверба на Владата на Заев?! Во Собранието отворена берза за трансфер на пратеници. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски му даде рок на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев,  до утре до 14:30  да ја поднесе оставката до Парламентот,  а ако тоа не се случи, како што рече денеска, ќе ја почнат процедурата за гласање недоверба на Владата.

-Ќе бидам прецизен. Утре во 14:30 ќе ја почнеме процедурата за гласање недоверба на оваа влада, доколку пред тоа Заев не даде неотповиклива оставка, рече денеска на прес-конференција Мицкоски. На прашањето што доколку не успеат да и изгласаат недоверба на Владата, Мицкоски вели: First things first.

-Ајде прво да ја качиме првата скала, па потоа да видиме што понатаму. Да почекаме да се случи првата работа, Заев да си го исполни ветувањето, иако лично не очекувам. Утре ја доставуваме иницијативата за гласање недоверба, а потоа ќе ја следиме процедурата, рече  Мицкоски  и уште еднаш повтори дека имаат стабилно новоформирано мнозинство од 61 пратеник.  

 

Македонската политичка драма продолжува. Ќе се гласа ли недоверба на Владата на Заев?! Во Собранието отворена берза за трансфер на пратеници. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски му даде рок на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, до понеделник (утре) 14:30  да ја поднесе оставката до Парламентот,  а ако тоа не се случи, како што рече денеска, ќе ја почнат процедурата за гласање недоверба на Владата.

-Ќе бидам прецизен. Утре во 14:30 ќе ја почнеме процедурата за гласање недоверба на оваа влада, доколку пред тоа Заев не даде неотповиклива оставка, рече денес на прес-конференција Мицкоски.

На прашањето што доколку не успеат да и изгласаат недоверба на Владата, Мицкоски вели: First things first.

-Ајде прво да ја качиме првата скала, па потоа да видиме што понатаму. Да почекаме да се случи првата работа, Заев да си го исполни ветувањето, иако лично не очекувам. Утре ја доставуваме иницијативата за гласање недоверба, и потоа ќе ја следиме процедурата, рече  Мицкоски  и уште еднаш повтори дека имаат стабилно новоформирано мнозинство од 61 пратеник.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика и останатите 59 пратеници да му се придружат на новото мнозинство.

-Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра. Секој што ја поддржува оваа Влада, нормално дека нема да биде дел од пратениците кои ќе гласаат недоверба. Тука не постои политичка партија туку се работи за пратеници. Вкупно 61 застанаа зад иницијативата. Ги повикувам и останатите да се придружат, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарски прашања. Според него, по поднесувањето на иницијативата, процедурата ќе биде во рацете на претседателот на Парламентот кој треба да ги почитува постапката и роковите.

Но, и денеска до затварањето на весникот Заев сe уште на ја достави оставката од функцијата премиер.

ВМРО-ДПМНЕ  во петокот вечерта објави дека има ново парламентарно мнозинство, кое го сочинуваат  ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица, а наредниот ден Мицкоски на прес-конференцијата го покажа списокот со потписите на 61 пратеник за ново мнозинство и кажа дека очекува тоа да биде зголемено. По средбата со коалициските партнери, од кои доби поддршка, повтори дека во наредниот период ќе се обиде да формира влада, но доколку постои сигурност дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет. Во спротивно, според него, единствено правилно решение се брзи предвремени парламентарни избори. Откри дека се правеле жестоки притисоци врз пратениците кои се потпишале за новото парламентарно мнозинство.

„Јас би сакал да имаме политичка влада која ќе има кредибилитет и ќе работи во полн капацитет и ќе ги спроведе сите реформи. Доколку тоа не се случи брзи избори се неминовност. Се прават жестоки притисоци врз пратениците кои се потпишаа за новото парламентарно мнозинство. Немам дилема дека некој ќе се премисли. Ја чекаме оставката на Зоран Заев во Парламент. Очекуваме во понеделник да стигне оставката на Заев, доколку не пристигне, ја почнуваме постапката за изгласување недоверба на Влада“, кажа Мицкоски.

Што се однесува до информациите дека пратеникот  на Алтернатива, Скендер Реџепи, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица, Мицкоски вели дека неговиот потпис стои на иницијативата на потпишаните за ново парламентарно мнозинство. Според Мицкоски тој е  нетрпелив да падне „оваа корумпирана влада“.

Африм  Гаши, кој е лидер на Алтернатива, пак, по саботната  средба во парламентот изјави дека постигнатиот договор се однесува за изгласување на недоверба на актуелната влада, но не станало збор за формирање на нова влада, за што, според него, дополнително ќе се разговара. Меѓутоа, тој воедно порача дека не би поддржале нова влада која не би била на линија на евроинтеграциските процеси.

По информациите во некои медиуми дека двајца или тројца пратеници од партијата на Али Ахмети ќе преминат во новото парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ се огласи лидерот на ДУИ , Али Ахмети кој денеска рече дека  лажна е веста дека пратеници на ДУИ ќе преминат во новото парламентарно мнозинство. Додаде дека не се загрижени за состојбата со опозицијата, а ДУИ секогаш ги ставала државните интереси пред партиските. -Сакаме да ги ставиме државните интереси пред партиските за да се оствари датумот со ЕУ и решавањето на проблемот со Бугарија, но и за државата да функционира нормално, рече Ахмети.

Попладнево во тек е  состанокот на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Тетово. Партискиот лидер Али Ахмети, по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство, преку својот фејсбук-профил порача дека нема да се постапува ниту со емоција, ниту со еуфорија и дека никој не вели дека не е демократски опозицијата да собере 61 пратеник.

– Нормално е да имаат 61 пратеник, никој тоа не вели дека е недемократски. Но друго прашање е немањето концепт на Мицкоски ако формираат Влада, рече Ахмети.

Од СДСМ  преку соопштение испратија порака  дека на Мицкоски  „целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и антиамерикански коалиционен партнер – Левица“. -Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова антидемократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност“, соопшти СДСМ.

ШТО ПРЕДВИДУВА СОБРАНИСКИОТ ДЕЛОВНИК  И  УСТАВОТ

Оставката,  на премиерот повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но тој останува да ја врши должноста до изборот на нов владин состав. Според член 219 од Деловникот на Собранието, „оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“. А што вели Уставот за гласање за доверба на Владата – Прашање за доверба на владата можат да постават најмалку 20 пратеници, а гласањето за доверба на владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба, предвидува Уставот. Одлуката за изгласување недоверба на владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно најмалку 61. Ако на владата и е изгласана недоверба, владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот. На владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада.

(В.М.Б.)