Во САД живеат најмногу милијардери, четири европски земји во ТОП 10

281

САД и Кина се татковини на најголем број од најбогатите луѓе во светот, што и не е изненадувачка вест. Но, помалку изненадувачки е податокот дека речиси во секоја земја во светот годинава пораснал бројот на жители милијардери, според листата на најбогатите луѓе во светот што ја објави Форбс.

Магазинот посочува дека дошло до значајни промени на листата на земји во кои живеат најмногу милијардери, па така Индија се искачи во Топ 3 откако годинава добила 19 нови милијардери. Италија во меѓувреме влегла во првите 10 земји, а најбогат меѓу италијанските милијардери е кралот на чоколадата, Џовани Фереро.

Листата на милијардери за 2021 година вклучува 2.755 луѓе, од кои 2.444 живеат во 20 земји.

Во топ 10 земји со најмногу ултра богати жители се:

1.САД

Во САД живеат 724 милијардери, предводени од Илон Маск, извршниот директор на Тесла и Спејс Икс. Неговото богатство е проценето на 202.6 милијарди долари.

2.КИНА

Кина има 626 милијардери, а прв на листата е Жонг Шаншан, кој ја води компанијата Нонгфу Спринг. Вредноста на неговото богатство Форбс го проценува на 65 милијарди долари.

3.ИНДИЈА

Индија има 140 милијардери, предводени од Мукеш Амбани, кој претседава со конгломератот Рилајанс Индустри Лимитид, присутен во телекомуникациите, малопродажбата и во дистрибуцијата на нафта и гас. Има богатство вредно 97.7 милијарди долари.

4.ГЕРМАНИЈА

Германија има 136 милијардери. Најбогати меѓу нив се Беате Хајстер и Карл Албрехт помладиот кои е наследници на трговското царство Алди. Располагаат со богатство од 43.4 милијарди долари.

5.РУСИЈА

Русија има 117 милијардери на чело со семејството на Алексеј Мордашов, поранешен извршен директор на челичарницата и на рударската компанија Северстал. Мордашов и неговото семејство имаат богатство вредно 31 милијарда долари.

6.ХОНГКОНГ

Хонгконг има 71 милијардер, а ги предводи Ли Ка-Шинг. Тој е поранешен пртседател на ЦК Асет Холдингс, кој работи со недвижнини како и на ЦК Хачинсон Холдингс, кој има бизнис во малопродажба, инфраструктира и пристанишни услуги. Вредноста на неговото богатство е проценета на 31.4 милијарди долари.

7.БРАЗИЛ

Бразил кима 65 милијардери, прв на листата е инвестицискиот банкар Хорхе Пауло Леман и наговото семејство. Располагаат со богатство од 14.9 милијарди долари.

8.КАНАДА

Во Канада живеат 64 милијардери, предводени од медиумскиот магнат Дејвид Томсон и неговото семејство. Тие поседуваат имот вреден 50.9 милијарди долари.

9.ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Велика Британија има 56 милијардери, а прв пред другите е хемискиот инженер и финансиер, Џејмсон Ретклиф, чие богатство е проценето на 14.8 милијарди долари.

10.ИТАЛИЈА

Италија е нов член во Топ 10 со 51 милијардер од кои најбогат е Џовани Фереро, извршен директор на истоимената компанија за производство на чоколади. Имотот на Фереро вреди 34.1 милијарда долари.