Градот ќа набавува уште 1.700 плочки за секое новородено дете

182

Проектот „Дрво за секое“ продолжува да се реализира и есенва. Градот Скопје распиша тендер за набавка на 1.700 украсни плочки за секое новородено дете. Овие плочки треба да бидат во правоаголна форма и треба да сè со димензии 90 х 60 милиметри. Материјалот за изработка на плочките треба да биде од алуминиум, отпорен на надворешни услови и заштитен со специјални лакови со УВ-заштита.

Инаку, според тендерот плочките треба да биде во зелена боја додека дизајнот и текстот со името на новороденчето што ќе биде испишано на неа треба да биде во бела боја и ќе бидат дополнително доставени од страна на договорниот орган. Изработката на 1.700 украсни плочки Градот ќе го чини 338.983,05 денари без ДДВ. 

Реализацијата на проектот „Дрво за секое дете“, Градот го започна во мај 2019 година. Минатата година напролет проектот стагнираше поради пандемијата со коронавирусот, но од Градот тогаш рекоа дека ќе продолжи наесен, кога е и вообичаената акцијата за садење на дрвја од страна на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Со овој проект им се овозможува на граѓаните да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови, а на самото дрво ќе има плочка на која ќе го пишува името на детето и датумот на неговото раѓање.

Од Градот претходно информираа дека има интерес за овој проект и дека се бара од родителите, покрај на македонски јазик, имињата на нивните новородени деца да бидат напишани на турски, албански и ромски.

Овој проект се реализира фазно и досега се засадени и поставени плочки на поголем број на локации, како што се на кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк.

(А.П.)