Скалила за пристап до новиот влез на Инфективна болница

83

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ завршија со изградбата на скалилата кои го олеснуваат пристапот до Инфективната болница на улица „Белградска“.

Скалилата се опремени со заштитни огради и сега целосно го олеснуваат пристапот до новиот влез на Инфективната болница кон улицата, а воедно и пристапот до Заводот за рехабилитација на говор, им се олеснува движењето и на граѓаните кои живеат во близината на Инфективната болница и на студентите и пациентите кон Заводот.

Во текот на наредните денови ќе биде уредено и зеленилото околу скалилата каде што моментално се поставени бетонските жардениери.