Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека францускиот интернационалец Пол Погба ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот од актуелната сезона и тоа како слободен фудбалер. Искусниот играч за врска има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на актуелната сезона, а британските медиуми се убедени дека следна негова дестинација ќе биде шпанскиот гигант Реал (М).