Независниот кандидат Зоран Ногачески прогласи победа и повторен градоначалнички мандат во Општина Дебрца

84

Според првичните неофицијални резултати од вториот круг на Локалните избори, независниот кандидат Зоран Ногачески повторно е избран за градоначалник на Општина Дебрца.

– Ова е победа на концептот „Заедно за Дебрца“, граѓаните се изјаснија дека сакаат да продолжат политиките на работата на оваа Локална самоуправа. Ја користам оваа прилика да им заблагодарам на сите граѓани на Дебрца, и на оние што ме подржаа и на сите, со порака дека продолжувам да работам исклучиво во нивен интерес, изјави Ногачески за МИА.

Зоран Ногачески беше актуелен градоначалник на Дебрца изминатите четири години како кадар на СДСМ, а на овие избори настапи како независен кандидат.