Над пет милијарди евра за развој на хрватското земјоделство до 2027 година

40

Хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ денеска најави дека за развој на хрватското земјоделство во новиот финансиски период до 2027 година ќе бидат обезбедени над пет милијарди евра.

– Што се однесува до повеќегодишната финансиска рамка за земјоделството, можеме да очекуваме повеќе од пет милијарди евра до 2027 година. Точната бројка е 5.292.743.355 евра, но тоа е моментално така и може да се промени во зависност од одредени индекси, изјави министерката Вучковиќ.

Во преодниот период, што ги опфаќа 2021 и 2022 годинасе планира да се потрошат околу 1,75 милијарди куни за земјоделството во Хрватска, додаде таа.

– Едниот дел од оваа сума за преодниот период се однесува на директни плаќања, а другиот дел е за тековните мерки од програмата за рурален развој, а се однесува на мали инвестиции и социјална и комунална инфраструктура и нови специјални грантови поврзани за работа во тешки услови, органско земјоделство, рече Вучковиќ.

Како што наведе таа, првата реформска активност е изградбата на магацинско-дистрибутивните капацитети што недостасуваат како и здружување на производители бидејќи инвестициите сами по себе не носат ништо доколку не се постигне здружение на производители.