Нови детали за несреќата во близина на Милано: Меѓу осумте загинати има и едно дете

1325

Мал приватен авион се урна денеска попладне на празна зграда во предградието на Милано, во несреќата погинаа осум лица што се наоѓале во авионот, соопшти италијанската полиција.

Авионот кој полетал од миланскиот аеродром Линате, летал на островот Сардинија, објавија официјалните лица. Несреќата се случила пред приградската метро станица.

Луѓето што се наоѓале во таа област слушнале експлозија кога авионот се урнал над двокатницата која во тоа време била празна бидејќи се реновирала.

На местото на несерќата се гладал пламен и чад, а неколку паркирани возила во непосредна близина на зградата, се запалиле, рекоа очевидци на несреќата. Засега нема информации за други жртви.

Пилот на авионот бил 30-годишниот Дан Петреску, Романец со германско дрѓавјанство. Меѓу патниците кои погинале во несреќата бил и 65-годишен француски државјанин роден во Романија и едно дете, објави Corriere dela Sera.

Од тоа што е досега познато, авионот се урнал само 11 минути по полетувањето. Според информациите што ги објавија италијанските медиуми, авионот, наместо да продолжи кон југ, одеднаш свртел кон Сан Донато каде и се урнал. Од авионот не бил упатен повик за помош.