Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Свети Николе Сашо Велковски на прес-конференција истакна дека Свети Николе ќе добие нов Градски парк. Забележа дека ги има најдобрите проекти за развојот на општината, а силната динамика на реализација на проектите ќе продолжи и наредните четири години.
– Потегот на новиот Градски парк во изминатиот период го изгуби своето значење како парк во вистинска смисла на зборот. Затоа е потребно негово уредување со нови спортски содржини и поставување на урбана опрема. Изградба на нови пешачки патеки, трим патека, фитнес зона, мултифункционално спортско игралиште, поставување на урбана опрема и осветлување со цел добивање на нов лик и намена на просторот, вели Велковски.
Посочи дека предвидено е истиот простор да биде збогатен со нови садници на дрва и хортикултурно среден.
– Истиот ќе биде наменет за сите категории на граѓани со што конечно овој дел од Свети Николе да биде вистинско место за уживање и рекреација. На истиот потег се наоѓа и црквата „Свети Лидија“ и можноста за привлекување на туристи кои ќе уживаат во овој дел од градот кој ќе биде значаен за нас, вели Велковски.
Порача каде застанал, од таму ќе продолжи, а како што вели посветено, заедно.