Русија може да го казни Фејсбук со 10 проценти од годишниот промет во земјата, бидејќи постојано одбива да ги отстрани содржините што ги смета за незаконски, пишува весникот „Ведомости“.
Државниот регулатор Роскомнадзор соопшти дека Фејсбук може да биде казнет со 5 до 10 проценти од годишниот промет во Русија за повторени прекршувања на прописите, вклучително и неуспехот да се отстранат објавите со детска порнографија, злоупотреба на дрога и екстремистичка содржина, пишува весникот.
Експертите проценуваат дека Фејсбук има годишен обрт од околу 165 милиони долари во Русија.
Според документите на судот, Роскомдзор отвори 17 постапки против Фејсбук оваа година, бидејќи не ги отстранила забранетите содржини. Вкупните казни со кои се соочува и кои ги должи изнесуваат 64 милиони рубљи.
„Раководството на Фејсбук не ги плати казните“, тврди Роскомнадзор.