Силното невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави над 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur. Дежурните служби примиле преку 2.700 повици од граѓани помеѓу 20 часот и полноќ.
Tako močan naliv, da meteorna voda pokrove kanalov meče iz ležišč…😯😯 pic.twitter.com/EnqbTyiJHI
— Simpson (@simon_kuzma) September 29, 2021
Како што јавуваат локалните медиуми, многу дожд наврнал за краток временски период. Во Љубљана паднале 88 литри на метар квадратен, што, според објавите во тамошните медиуми, е нешто што се случува еднаш во 250 години.
Водата го преплави и театарот
Јернеј Пристов, портпарол на театарот, рече дека за време на претставата, водата почнала да паѓа од покривот.
„Покривот беше дотраен, водата паѓаше на сцената и зад сцената“, рече тој.
Шоуто беше прекинато и луѓето беа евакуирани. Струјата е исклучена, а во моментов не е можно да се процени штетата.
„Вакво нешто никогаш не се случило во историјата на театарот“, рече тој.
За само 10 минути во Љубљана наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен.
Метеорологот Рок Косан рече дека за време на невремето, вкупно 93 литри на метар квадратен паднале во паркот на природата Горичко, и 88 литри во Љубљана.
„Во овој краток период падна повеќе дожд отколку во изминатите два месеци заедно“, рече Косан.