Инсиње уште прави проблеми

62

Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, и понатаму има голем проблем со капитенот, Лоренцо Инсиње. Репрезентативецот на Италија има договор до крајот од актуелната сезона, но двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик околу продолжувањето на соработката. И понатаму главен проблем е желбата на Инсиње во следните неколку сезони да има плата од 5.5 мил. евра.