Најпопуларна плажа во северниот дел на островот Крф во близина на селото Сидари е Каналот на Љубовта (Canal d’Amour). Ако одите на Крф, не смеете да ја пропуштите оваа плажа, а зад неа лежи интересна легенда.
Оваа плажа е заградена со карпи, а во морето се протегаат издолжени ртови формирајќи мал канал во форма на буквата V (латиница).
Плажата е создадена од корозивниот ефект на вода и ветер, а природата продолжува да ја обликува плажата секоја година, создавајќи нови тунели и пештери во карпите.
View this post on Instagram
Според легендата, двојката што заедно ќе го преплива овој канал ќе остане засекогаш заедно, а оние што пливаат до најоддалечениот врв наскоро ќе ја најдат љубовта на својот живот.
За пливање низ овој канал сепак треба голема храброст бидејќи водата е многу студена.
View this post on Instagram
За оние кои не веруваат во легенди или не се премногу романтични, дефинитивно мора да го посетат Каналот на љубовта, бидејќи е опкружен со карпи направени од лековита кал, што е корисно за кожата.