Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, во финишот од летниот преоден рок ја одби понудата со која можеше да ги осигура услугите на одличниот играч за врска од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Саул Нигез. Популарните „јорганџии“ ги понудиле услугите на Саул, а за возврат ги побарале услугите на португалскиот интернационалец Бернардо Силва. На крајот Саул заврши како позајмен играч во дресот на Челзи.