Гевгелиската болница доби современи апарати од Министерството за здравство

62

Општата болница со проширена дејност од Гевгелија доби мултифункционален ехо кардиограф и мобилен рендген за подобрување на здравствените услуги што ги обезбеди ресорното Министерство со средства од Светската банка.

Директорот на болницата, д-р Митко Крџев, посочи дека со овие медицински апарати ќе се олесни и подобри дијагностициката за пациентите од општините за кои е надлежна болницата во Гевгелија.

-Добивме софистициран мултифункционален ехо кардиограф од поновата генерација со кого на Интерното одделение веќе се вршат прегледи на срце заедно со доплер на каротиди, ехо на абдомен и на тироидна жлезда. Мобилниот рендген, кој примарно беше наменет за снимање на пациентите во Ковид болницата, бидејќи е подвижен, ќе може да се користи и за снимање на тешко подвижни пациенти од кое било болничко одделение, рече Крџев.

При неодамнешната посета на Гевгелија, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, најавија дека до крајот на годината во болницата ќе пристигне и нов апарат за компјутерска томографија.