Германскиот вирусолог, Кристијан Друстен, препорача дека е неопходно вакцинираните граѓани намерно да се инфицираат со коронавирусот, за да бидат што подолго заштитени од ковид 19.

Тој на својот подкаст објави дека вакцинираните луѓе, кои намерно ќе се заразат, можат да создадат високо ниво на антитела. Друстен, исто така, изрази сомневање дека само вакцинацијата е доволна за надминување на пандемијата.

„Дефинитивно ќе треба да ги ограничиме контактите наесен“, рече тој.

Според него, помислата дека сите ќе бидат бегзрижни наесен е „луда претпоставка“.

Врз основа на моменталната ситуација, посочува тој, вакцината штити од сериозни болести, но не и од инфекција.

За Друстен, пандемијата може да се победи само со вакцина и инфекција по имунизација. Во исто време, тој апелираше до вакцинираните да се придржуваат кон мерките, бидејќи само така можат да ги заштитат невакцинираните сограѓани.