Бијонсе со хит за „Оскар“

58

Американската пејачка и глумица Бијонсе ја напиша и сними песната „Be Alive“ за спортската драма на Вил Смит – „Кинг Ричард“, пишува „Лос Анџелес тајмс“.

Светската премиера на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Телурид, Колорадо, САД, претходно овој месец. Новата песна на Бијонсе, која сѐ уште не е официјално објавена, оди со одјавата на крајот од филмот и, според многумина, е пријатно изненадување за гледачите. А, познавачите велат дека Бијонсе веројатно ќе биде номинирана и за „Оскар“ за оваа песна.

Музичарот Дариус Скот, попознат по прекарот Диксон, меѓу другите, работел со Бијонсе на песната.

Филмот на Вил Смит е биографија на Ричард Вилијамс, строгиот и дисциплиниран татко и тренер на американските тениски ѕвезди Серена и Венус Вилијамс.