Жител на Желино осомничен за оштетувањето на цевките за кислород во тетовската болница

36

Маж на возраст од 42 години од селото Желино е лишен од слобода бидејќи полицијата се сомнева во негова вмешаност при оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетовската болница на 23 август.

Тогаш со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки, од кои едната  за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

– Полициски службеници на СВР – Тетово го лишија од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Оттаму велат дека по инцидентот, а по барање на болницата зголемено е присуството на полицајци околу објектите.